Дваесет и петгодишната Ребека Шерок е една од само осумдесетте луѓе од целиот свет на кои им е дијагностицирано нарушувањето наречено „високо супериорна автобиографска меморија“, познато и како хипертимезија. Да се има ова нарушување значи да се помни секој мал и неважен детал како да се случил пред само неколку мигови.

Г-ца Шерок, којашто се сеќава на речиси секој сон кој го сонувала и на секој роденден, освен денот кога се родиал, може да се присети на тие настани толку живо, што чувствува и болка кога ќе се потсети на повреда од детството.

rb01

“Се сеќавам кога мајка ми Џенет ме стави на возачкото седиште и ме сликаше кога имав дванаесет дена. Тоа е мојот најран спомен. Оттогаш го помнам секој ден. Некои од нив не можам да ги датирам, бидејќи бев премлада за да ги разбирам календарите, но се сеќавам што правев тој ден, какво беше времето и така натаму.“

Но, за Ребека живите сеќавања често се претвораат во реалност.

„Кога се присетувам на спомените од минатото, се враќаат и чувствата. Па така ако е нешто од времето кога бев помлада, тоа е како умот да ми е на возрасна личност, но моите чувства одговараат на возраста од тие спомени. На тој начин повторно ги доживувам и болките. На пример, кога ќе се присетам како паднав во куќата на моите баба и дедо и си го изгребав левото колено, чувствувам пецкање во левото колено.“

rb02

Но, иако ова ви се чини како нешто што би го посакувал секој ученик, сепак не е така. Шерок морала да научи да се опушти за да функционира.

„На училиште тоа беше пречка. Не сум многу добра во процесирањето на нештата, бидејќи постојано многу нешта ми минуваат низ главата. Ноќе морам да спијам со пуштено радио и со блага светлина. Ако е премногу темно и тивко, мојот ум се нурнува во сите тие спомени и едноставно не можам да заспијам.“

rb03

Покрај тоа, Ребека нема никаква контрола врз тоа дали спомените на кои ќе се сети ќе бидат добри или лоши. Со оглед на тоа што на спомените се присетува толку живо, ѝ било дијагностицирано и нарушувањето пост-трауматски стрес.

„Бев тивка и повлечена, и како таква, мангупите често ме задеаа“, раскажува Ребека. „Неодамна пак влегов во моето старо училиште за време на матурата на мојата сестра, и со самото влегување во таа зграда ме преплавија сите тие сеќавања. Избувнав во плач и морав да заминам.“

rb04

„Родендените и Божиќ се секогаш навистина возбудливи, бидејќи се сеќавам на секој од нив. Иако понекогаш возбудата е преголема.“

  rb07

Како дете таа ги рецитирала книгите со Хари Потер наизуст, како начин да ги смири своите мисли. Таа не била свесна дека има хипертимезија сѐ до 2011 година, кога нејзината мајка не дознала за нарушувањето на телевизија, за кое зборувале истражувачи од калифорнискиот универзитет. Како тинејџерка лекарите ѝ дијагностицирале аутизам и опсесивно-компулсивно пореметување, но кога слушнала за ова ретко нарушување на телевизија, таа решила да стапи во контакт со истражувачите од калифорнискиот универзитет и тие прифатиле Ребека да стане дел од истражувањето, особено со оглед на тоа што пред тоа тие имале можност да работат само со лица над четириесет години, а Ребека им помогнала да дознаат повеќе за нарушувањето на млада возраст.

rb08

Ова многу ѝ помогнало и на Ребека, бидејќи конечно дознала дека сето тоа ѝ се случува поради некоја причина, а не бидејќи нешто сериозно не е во ред со неа.

Сподели на Facebook
пати видено