Пред три години, 19 годишната Џозефин Дезгранд од Австралија тежела повеќе од 120 килограми. Таа отсекогаш беше дебела и била голем обожавател на чипс и чоколадо. Но, еден ден, Жозефин се погледнала во огледалото и сфатила дека мора нешто да направи во врска со тоа. Таа почнала да гледа луѓе на интернет, кои направиле неверојатни промени и ги споделуваат своите мотивирачки приказни. После многу изгледани видеа и прочитани статии, Џозефин решила да направи една голема и многу важна промена во начинот на својата исхрана. Таа престанала да јаде шеќер. Освен шеќерот, намалила и со брзата храна, и почнала да води активен живот. Од тогаш таа ослабела неверојатни 63 килограми и сега таа со својата приказна ги инспирира и мотивира другите луѓе да се променат.