Да имате баба и дедо на социјалните мрежи може да биде и блескава и опасна игра. Некои се крајно поддржувачки на сѐ што ќе споделат нивните најмили, неко се критичари и имаат свое мислење за сѐ, а некои едноставно сакаат да се фалат со внуците па споделуваат сѐ што ќе објавите.
Една баба не се воздржа да го изрази своето мислење кога нејзината внука го облекла новиот фустан и си објавила фотографија на социјалните мрежи.
Бабата на Меган Мартин, Мери Симпсон, се сакала „слепо“ да ја фали својата внука на фотографиите и решила да ѝ пише што ѝ пречи во врска со нејзината нова профилна фотографија на Фејсбук. Младата Меган си објавила фотографија од неа во убав црвен фустан во кој мислела дека изгледа совршено. Тогаш добила порака од баба на Месинџер.
Претпоставуваме дека Мери мислела дека ѝ прави услуга на својата внука така што го „истакнала“ проблемот, иако исто така кажала дека повеќе ѝ се допаднала претходната фотографија. На меган не ѝ паднале толку тешко критиките, но решила да ја послуша мудрата баба.
Таа исто така го објавила разговорот кој насмеа многу луѓе. Меган вели дека многу ја сака и почитува својата баба и нејзиното мислење ѝ е многу важно.