Кога Кејти Пајпер била млада се стремела да стане модел. Таа била псоветена на нејзиниот сон се додека не била насилно нападната од нејзиното поранешно момче и завршила со повреди кои целосно ѝ го промениле животот. Нејзиниот свет драматично се променил на еден кобен ден во март 2008 година, но речиси една деценија подоцна Кејти успеала да закрепне.
Пајпер првпат се запознала со својот поранешен дечко Дејвид Линч преку Фејсбук во февруари 2008 година. Тој изгледал добро и имале 30 заеднички пријатели и затоа Кејти ја прифатила неговата понуда за пријателство. Дејвид кој тврдел дека е експерт за боречки вештини првпат ја видел Кејти за време на една борба бидејќи таа работела како „модел во ринг“ за време на борбите. Пајпер која најчесто привлекувала мажи кои ја посакувале како „трофеј жена“ помислила дека Дејвид е поинаков од другите.
Тие почнале да се гледаат често, а Кејти била маѓепсана од паметниот, атрактивен Линч и покрај неговото бизарно однесување. На нивниот прв состанок тој инсистирал да ја испрати Кејти до тоалетот, а кога не биле заедно ја бомбардирал со повици и пораки. Една недела откако биле во врска и кажал дека е заљубен во неа, а потоа ѝ раскажал за тешкото детство. На Кејти и било жал за него, но исто така почнала да сфаќа дека нешто не е во ред.
Во текот на нивната врска Линч станал агресивен. Во една прилика тој го нападнал келнерот во кафулето затоа што и се обратил на Кејти со „душо“. Кејти одлучила да го остави две недели подоцна додека биле на шопинг. Тој побарал од неа остатокот од денот да го поминат заедно и да резервира хотелска соба за таа ноќ. Кејти се согласила но не била свесна дека таа вечер ќе ѝ го промени животот.
Тие заедно вечерале, а потоа во лифтот Дејвид се свртел кон Кејт и ѝ рекол: „Ти не си само тело, нели?“. Во хотелската соба Кејти одбила да биде интимна со Дејвид, но тој ја силувал и ѝ се заканил дека ќе ја убие ако каже некому. Но, теророт не завршил тука.
Неколку дена подоцна Дејвид и кажал на Кејт да оди во кафуле за да прочита е-маил кој и го пратил тој затоа што дома немала интернет. Додека пешачела кон кафулето и се приближил маж со чаша, таа во поминување не забележала дека се работи за поранешното момче и мислела дека се работи за питач и побарала ситно во чантата. Но во тој момент течноста од чашата била фрлена кон нејзиното лице. Кејти почнала да вреска бидејќи кислеината и ја топела кожата.
„Слушнав ужасен звук, како кога се коле животно. Тогаш сфатив дека доаѓа од мене.“, се сеќава Кејти. Таа била ставена во индуцирана кома 12 дена и имала 40 операции. Кога прв пат го видела нејзиното лице таа не можела да се помири со судбината.
„Ги имав најлошите повреди на лицето што лекарите некогаш ги виделе. Тие ја извадија целата кожа од моето лице, отстранувајќи ја мртвата и изгорена кожа.“ За да го измазни лицето Кејти носела маска 23 часа. Кејти одличила дека нема да молчи повеќе и сакала да ја покрене свесноста за жртвите од ваков тип. Затоа ја основала организацијата „Фондација Кејти ПАјпер“ и учествувала во документарец наречен „Моето убаво лице“.
Кејти исто така се омажила за нејзиното момче Ричард Сатон во 2015 година, кој гордо стоел до неа додека таа била на операции. Тие имаат една ќерка, а сега очекуваат уште едно дете. Приказната на Кејти инспирира многу луѓе низ светот.