Иако на интернет можат да се најдат и направат многу чудни работи за кои некогаш и нема логично објаснување, тој може да послужи и за добри дела.
Во овој случај за пронаоѓање на личност за која никогаш не би помислиле дека ќе ја најдете. Твитер ѝ помогнал на оваа млада девојка да ја пронајде својата пријателка од детството за само една ноќ!
Студентката Бриана (лево) објавила Твит со желба повторно да се види со девојка со која се запознала кога биле деца на крстарење во 2006 година. 19-годишната девојка од Мисисипи вели: „Немаше многу деца на наша возраст на тоа крстарење, затоа мислам дека се пронајдовме и останавме заедно цела вечер. Пред некоја ноќ разгледував стари албуми и ја најдов фотографијата и со помислив: ‘Вау, ајде да видам дали Твитер може да ја најде за мене…’“
Бриана напишала на Твитер: „Еј Твитер ја запознав оваа девојка на крстарење во Хаваи во 2006 година. Ние буквално станавме најдобри пријателки таа вечер затоа потребно ми е сите да ми помогнете да ја пронајдам мојата најдобра пријателка затоа што ми недостасува и сакам да видам како е сега. Ве молам направете ретвит за да можеме повторно да се сретнеме.“
Твитот на Бриана станал вирален иако таа не го очекувала тоа и буквално за неколку часа добила над 100.000 ретвитови, а за 12 часа мистериозното мало девојче било пронајдено.
Девојката се вика Хајди Трен и таа била многу изненадена кога дознала дека се води толку голема „потрага“ за неа. Таа напишала дека со години не била активна на Твитер, а кога конечно се вклучила сфатила дека има потрага по неа. Хајди ја контактирала Бриана и девојките почнале да надоместуваат за изминатите години.
Но, бидејки двете девојки студираат со стипендии и живеат во различни држави тие моментално немаат доволно парични средства за да се видат повторно.
Некој основал сметка за донирање на парични средства на Go Fund Me, но девојките одбиле и ги предупредиле луѓето да не уплаќаат пари на таа сметка. Тие одлучиле дека ќе се видат веднаш штом самите ќе ги најдат потребните средства.