Госпоѓица Ванг која што платила 160 евра за нејзиното „куче“ дознала дека всушност станува збор за лисица.
Таа мислела дека купува Јапонски шпиц, но нејзиното „куче“ престанало да јаде храна за кучиња и почнала да му расте долга мека опашка кога наполнило три месеци.
Исто така Ванг забележала дека нејзиното „куче“ воопшто не лае. „Крзното стана погусто. Лицето му стана подолго, од онаа на обичните кучиња. Другите кучиња се плашеа од моето и затоа морав да го шетам на ремен.“, вели Ванг. Луѓето почнале да ѝ кажуваат дека тоа не е куче туку лисица и тогаш таа се обратила кај експерт од зоолошка градина.
Врз основа на големината, станува збор за припитомени лисицата. Таа има должина од 30 сантиметри и се очекува да расте уште. Ванг одлучила да ја донира лисицата во зоолошката градина каде што ќе биде сместена во соодветни услови и ќе ја добие потребната нега.