Деби Герлак од Аризона ги принуди срцата на илјадници корисници да се растажат. Таа објавила сведбена фотосесија со нејзиниот свршеник Ренди. Во моментот кога фотографиите биле правени свршеникот не бил меѓу живите и бил „вметнат“ во фотографиите со помош на Photoshop.
Фотографиите биле објавени на денот кога требало да се одржи свадбата, но за жал 8 месеци пред свадбата идниот младоженец загинал во сообраќајна незгода. Деби ги објавила фотографиите со причина. Таа напишала писмо со важна порака за секој од нас:
Денес требаше да биде најсреќниот ден од мојот живот. Денот кога требаше да се омажам за мојот најдобар пријател. Да се разбудам, да облечам венчаница и да одам до олтарот во црквата со човекот од моите соништа. Денес, пред целото семејство и пријатели, Ренди и јас требаше да ја изразиме нашата љубов еден кон друг и да ги кажеме нашите свадбени завети. Денес требаше да биде денот за кој сонував уште когабев мало девојче. Денес требаше да станам сопруга. Да станам г-ѓа Зимерман.
Но, денес се разбудив сама, исто како што се будам секој ден. Се разбудив повторно со скршено срце. Денес, татко ми нема да ме одведе до олтарот и јас нема да ја видам реакцијата на Ренди кога ќе ме види за првпат во мојата венчаница, која морав претходно да сокривам, бидејќи младоженецот нестрпливо сакаше да ме види во неа. Денес нема да се омажам за љубовта на мојот живот.
Затоа што имало човек кој го направил својот избор. Избор што го промени мојот живот засекогаш. Тој избор е да НЕ застане на знакот Стоп туку брзо да вози низ улицата. Тој не запрел кога го видел мојот свршеник на мотор.
Ги молам сите што го читаат ова: ве молам, следете ги правилата, внимавајте на патот и обрнете внимание на мотоциклистите. Впрочем, зад оние кои возат мотор, се крие цел свет непознат за вас. Можеби ако таа личност застанеше, ќе се венчав со мојот најдобар пријател и со љубовта на мојот живот?
Те сакам, Ренди Зимерман.
Грижете се за себе и вашите најблиски.