Лила Тарава сега има 26 години и живее во Нов Зеланд, како „нормална девојка“. Но Лила до нејзините тинејџерски години живеела во религиозен култ наречен „Христијанска заедница на Глоривејл“, кој го основал нејзиниот дедо Невил Купер во 1969 година, кој бил осудуван за полов напад врз три девојчиња од 12-19 години. Таа 18 години трпела строги и угнетувачки правила, а сега живее како слободна жена, иако нејзиниот дедо повеќе не сака да зборува со неа.
„Таму научив да работам во тим. Девојчињата ги извршуваа сите домашни задачи шиење, готвење, секогаш бевме зафатени и работевме нешто. Но, се се смени кога од училиште добив пофалница за „лидерски способности“. Дедо ми ја прочита на глас за време на вечерата пред сите и ме исмејуваше. Ми велеше дека сакам да наредувам а никој во заедницата не сака жени кои наредуваат. Бев понижена и дури и денес имам моменти на ниска самодоверба само поради работите кои ми ги кажуваше дедо ми.“, вели Лила.
Лила почнала уште повеќе да ја мрази заедницата кога била сведок на ужасен чин на малтретирање. Учител тепал ученик со метална прачка во нејзиното училиште внатре во заедницата. Тогаш таа сфатила дека местото и работите што се случуваат не се добри. Жените биле сметани за подредени на мажите во рамките на култот – принудени да носат шамии, заедно со лабави, долги сини фустани, затворени до грлото и долги ракави.
Децата биле и на пониско ниво во хиерархијата, тие морале да споделуваат сè. Исто така млади девојки биле мажени за многу постари мажи преку договорени бракови. Лила се сетила дека кога била дете украла малку овес, а дедо и и кажал дека поради тоа се сечат екстремитетите и луѓето горат во вечен пекол и затоа и направиле „прочистување“ за да и ја спасат душата.
Кога имала 16 години како и сите други девојки од заедницата со 90 семејства Лила требала да даде завет на нејзиниот дедо за време на церемонија. Таа ветила дека ќе им се потчини на мажите ќе се грижи за својот дом и ќе остане „кротка“, „скромна“ и „чиста“. Во тој момент таа исто така се откажала и од прељуба, развод, абортус и контрацепциски средства.
„Од култот ми налагаа дека не смеам да имам секс додека не се омажам. Всушност јас за прв пат имав односи дури кога се ослободив од култот и неговите религиски синџири. Сфатив дека нема да одам во пеколот доколку имам секс. Тоа беше почетокот на мојата слобода.“, изјавила Лила.
Лила најмногу се охрабрила да го напушти култот кога нејзиниот постар брат и сестра започнале бунт во култот и избегале, но таа тогаш имала 15 години и не можела да замине со нив. Кога наполнила 18 години таа си ја исполнила желбата. Но, освен Лила од култот избегале и нејзините родители.
Лила сега е модерна жена која има сосема различни сфаќања од оние кои и ги всадувал култот. Таа од љубопитност неодамна решила да оди во посета на заедницата за да види како се одвиваат работите. Но, ништо не било сменето. „Мојот дедо се однесуваше со мене како со странец. Не сакаше да зборува со мене. Тешко беше но сакав одреден крај на приказната за светот кој го оставив зад себе. Дел од мене се уште се прашуваше каков е животот во Глоривејл.“, вели Лила. Таа напишала и книга за нејзиниот живот таму наречена „Ќерка на Глоривејл, Мојот живот во религиозен култ.“
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.