Лиз Кларк која сега има 34 години на ваков чекор се одлучила пред 10 години, кога ги видела сите „роботи“ околу себе и сфатила дека и таа ќе се претвори во еден од нив и нема ништо да види од животот. Од тогаш таа плови и живее во својот брод. Тргнала од западниот брег на САД кон Мексико. Од 2013 друштво и прави и мачето Амелија, кое го спасила и го посвоила. Сега заедно ловат риби, се сончаат и се шетаат по бреговите каде што ќе им се види убаво местото.