Секој во одреден момент посакал да се одмазди на поранешното момче/девојка, но малку луѓе го реализиираат тоа во реалноста. Најчесто се помируваме со судбината и продолжуваме со животот. Дали некогаш некој толку Ви го скршил срцето за да му го турнете автомобилот во базен? Очигледно оваа девојка така се чувствувала. 24-годишниот модел Кристина Кучма бил оставена од нејзиното момче, 41-годишниот банкар од Вол Стрит, Гај Гентиле, за време на нивниот одмор, поточно за време на вечерата. Но, ова не е целосната приказна, потоа почнала драмата.
Кристина успеала да го „смести“ Мерцедесот S400 во базенот. Таа изјавила дека не го сторила тоа поради раскинувањето, туку затоа што Гај не си го исполнил даденото ветување. Според неа Фај и ветил дека ќе и даде 50.000 долари за таа за започне свој бизнис.
Од друга страна Гај објаснува дека приказната била покомплицирана од тоа. Кристина му соопштила на Гај дека е бремена и кога тој се согласил да ја обезбеди неа и нејзиното дете, таа ја сменила приказната и му кажала дека не е „бремена со дете“ туку дека е „бремена со идеја“. Таа му го објаснила планот и му кажала дека парите ќе ги смета како „подарок“. Тогаш Гај веднаш раскинал со неа.
„Знаеш што? Си го фатила погрешниот човек. Ако сакаш маж кој ќе ти даде пари за ништо тогаш го имаш погрешниот маж. “, и рекол Гај на Кристина, а таа го фрлила пијалокот во неговото лице и му ги земала клучевите од автомобилот кои биле на масата.
Подоцна Гај добил порака во која пишувало: „Лажго! Ми кажа дека ќе ми помогнеш да започнам бизнис! Тоа беа твоите зборови! Сега сакаш да бидеш инвеститор??? Епа инвеститоре имам изненадување за тебе во твојот двор, започни со таа инвестициска идеја.“
Тоа изненадување било потонатиот Мерцедес од 100.000 долари. Гај изјавил за New York Post дека првин бил загрижен за здравјето на Кристина, но кога сфатил дека таа е добро случајот го пријавил во полиција. Гај моментално работи и како информатор на ФБИ.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.