Понекогаш во животот губиме допир со тие коишто некогаш играле важна улога во нашето минато. Сите врски не траат вечно, и таа вистина фотографот Дајана Ким ја прифатила одамна. Замислете си го изненадувањето на 30-годишната девојка кога еден ден, документирајќи го бездомното население во Хонолулу, Хаваи, пак се поврзала со својот татко кој од нејзиниот живот бил отсутен уште од нејзината петгодишна возраст…

t01

Кога Ким била мала, нејзиниот татко поседувал фотографско студио и ја инспирирал во нејзината амбиција да ја научи истата уметност. Но, додека да наполни пет години, нејзините родители се развеле, и на крајот нејзиниот татко се „оддалечил“… сѐ додека да изгубат секаков контакт со него.

t02

Во 2003 година, како студентка, Ким почнала да го документира бездомното население во Хонолулу, и оттогаш тоа го прави постојано. Но, еден ден во 2012 година, нејзиниот живот се променил. Помеѓу луѓето кои ги фотографирала го забележала својот татко и решила да стапи во контакт со него. Иако се обидела да разговара со него, тој не одговарал.

t03

Сепак, Ким не се откажувала, и цела година и половина се обидувала да го зазбори. Во текот на тоа време тој не успевал ни да воспостави контакт со очите. Уметничката ги документирала нивните средби во нејзините фотографии, и кога најмалку очекувала, нејзиниот татко го направил пресвртниот чекор и таа конечно можела да му обезбеди нега во ментална институција.

За Ен-Би-Си Њуз Ким изјавила:

Нашите патеки се пресекоа поради некаква причина. И јас навистина верувам дека тоа е затоа што ни било судено да си помогнеме и да пораснеме заедно.

Сликите од бездомните денови на нејзиниот татко се црно-бели, но денес тие се во боја, проткаени со насмевнати лица.

t04

t05

Сподели на Facebook
пати видено