Иако звучи застрашувачки ова скоро невидливо суштетсво да дојде до вас да ве пецне и да ви предизвика голема болка, па и да ви го загрози животот ве уверуваме дека постои нешто исто такво ама 10 пати пострашно.
Станува збор за џиновска медуза пронајдена во близина на брегот Корнвол, која е толку голема што ја засени девојката што пливаше заедно со неа.
Лизи Дели е професионален нуркач и таа пронајде џиновска медуза додека нуркаше во близина на Фалмут, Англија, во саботата (13-ти јули). Таа вели дека медузата била голема колку неа, иако на фотографијата изгледа како да е уште поголема и девојката тврди дека никогаш порано не сретнала толку голема медуза.
Медузите од видот Rhizostoma pulmo се најголеми медузи пронајдени во морињата на Англија, при што најчеста средба со луѓето им е кога ќе се појават на брегот на почетокот на летото.
Овие медузи не се опасни за луѓето, но сепак можат да пецкаат затоа не се препорачува да им се доближуваат додека се живи во водата или пак мртви. Лизи која е биолог нуркала како дел од нејзината кампања „Недела на дивиот океан“, која има за цел да ги слави нашите океани, а да собере пари за конзервација на морињата.