Дарина Шпенглер од Русија е родена со ретка состојба која ја остави без усни односно брадата, ограничувајќи ѝ ја можноста да јаде и да зборува.
Додека првично се сметаше дека Дарина страда од Нагер синдорм, генетските тестови покажаа дека нејзината состојба е уникатна и е предизвикана од „спонтани мутации“.
Мајката на 6-годишното девојче, Елена се откажа од својата работа за да се грижи за Дарина и таа и нејзиниот сопруг Јури се бореа во тешка кампања за можноста нивната ќерка да добие соодветна медицинска помош. По објавувањето на приказната бил формиран фонд за финансирање и семејството добило огромна поддршка од дарежливи донатори.
Руските експерти разгледуваа можности за да се изврши операција на Дарина во нејзината земја, но бидејќи нејзината тежина е слична на онаа на едногодишно дете, на 11,3 килограми, заклучија дека таа мора да биде оперирана во странство и ја препорачале „Големата болница во Ормонд“ во Лондон.
Дарина и нејзината мајка заминаа во Велика Британија во јуни, кога ја имаа првата консултација со еден од најпознатите светски хирурзи на краниофација, професорот Дејвид Данавеј. Таа беше подложена на 11-часовна операција за време на која лекарите создадоа вилица за малото девојче. Руската добротворна организација „Русфонд“ помогна да се финансира првиот во низата третмани што се очекува да ги има Дарина.
По неколку недели закрепнување Дарина се врати во Краснојарск, каде што веќе се започна со прибирање средства за нејзината следна операција, каде што лекарите ќе ѝ вградат горна вилица и усна. Кога Јури ја виде својата ќерка за прв пат по нејзината операција, тој рече дека таа е многу убава.
Следната операција на Дарина ќе се случи за неколку месеци, а нејзината мајка додаде: „Сакам луѓето да престанат да да покажуваа со прст кон неа за да не се чувствува несреќно“.