Докторите велат дека возбудата било она што го убило девојчето.

10-годишната Лондон Ејзенбејз трагично почина лизгајќи на водена лизгалка висока 82 метри, како резултат на преголемата возбуденост поради која срцето започнало да чука во абнормален ритам, што довело до срцев удар.

„Лизгалката на која си играше нашето мало девојче, при врвот има автоматски звук како отчукувањата на срцето, при што ситуацијата дополнително ја направиле пострашна. Кој би помислил дека таа ќе се лизне надолу без сопствените отчукувања.“– изјави Тина, мајката на девојчето.

Малата Лондон, дури 2 години со нетрпение ја очекувала посетата на лизгалката, која воедно е и најголема во Френкенмит.

Во Февруари, минатата година, девојчето веќе пораснало и ги исполнувало потребните критериуми за да може да се качи на лизгалката и по повод Претседателскиот ден што се слави во Англија, ги замолила своите родители со посета на забавната активност, да го прослават празникот.

45 минути пред да се качи, Лондон снимила видео со нејзината постара сестра, Идн.

„Ќе ви снимиме неколку снимки од водената лизгала, па затоа следете нè!“– им вети на Лондон на своите пријатели на социјалните мрежи.

Пред конечно да се упати на воедната лизгалка, малото девојче упатило насмевка кон нејзиниот татко, а потоа се спуштила надолу и завршила трагично.

Преголемата возбуда била капката што ја прелила чашата, бидејќи инаку Лондон имала скриена срцева болест, односно т.н долг QT-синдром- состојба која влијае врз реполаризацијата на срцето после секое срцево отчукување.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено