Девојче од градинка во Кувајт го крена дарувањето на крајот од годината на едно доста високо ниво, со тоа што на нејзината омилена учителка ѝ подари сосема нов луксузен мерцедес.

Петгодишната Нур Ал Фарис, сакала да ѝ се заблагодари на нејзината учителка затоа што ѝ помогнала да „заврши градинка“. На сликата се гледа малата Ал Фарис како седи на автомобилот, а на ветробранот стои натпис на кој пишува: „Оваа кола е за мојата омилена учителка Надја“.

kw

Но, според локалните медиуми, всушност се работи за таткото на Нур, кој на овој начин сакал да изрази благодарност поради тоа што учителката му помогнала на детето да ја преболи смртта на неговата мајка и да се врати во нормалниот живот. Вдовецот за медиумите изјавил дека учителката ја одиграла клучната улога во развојот на неговото дете и дека имала позитивно влијание по смртта на мајката на Нур. Точната цена и спецификации не се откриваат, но се работи за скап модел.

Сподели на Facebook
пати видено