Девојче родено со сериозна срцева маана и чие преживување се смета за „чудо“ наскоро ќе го прослави својот прв роденден.

Феникс Давин од Мериленд, САД, била дијагностицирана со двојна излезна десна комора, срцев дефект што ѝ отежнува на крвта правилно да се распореди низ телото.

Откако ѝ биле направени две операции, на 7 месеци бебето доживеало срцев удар и морало да биде ставено на апарат за одржување во живот. Бидејќи лекарите немале надеж дека ќе ѝ биде подобро нејзината мајка Моника со скршено срце донела одлука да ја исклучат нејзината ќерка од апаратите за поддршка.

Таа одлука била донесена во април 2019 година, а лекарите му дале на девојчето најмногу 6 часа од животот. Но, за чудо овие часови се претвориле во денови, деновите во недели, а сега и неделите во месеци. Феникс во моментов е дома и иако е на кислород и прима голем број на лекови ќе наполни една година на 25-ти август.

На Феникс сè уште ѝ се потребни уште две операции, наречени Глен постапка и постапка Фонтан, за да го пренасочат протокот на крв. Две болници веќе ја одбиле постапката тврдејќи дека ризиците ги надминуваат придобивките, па затоа нејзините родители бараат решение во други болници. Моментално се собираат донации за операциите и собрани се 7.400 долари од крајнниот инос од 100.000 кој е потребен за операциите.

 

Сподели на Facebook
пати видено