Една жена жестоко го критикувала докторот кој ѝ кажал дека е подобро да го абортира своето дете кај кое било забележано дека цревата му излегле од стомакот. Холи Хоџсон дознала дека нејзиниот син, кој сега има осум месеци, страда од вродена аномалија наречена гастрошизис, кога радиологот со ултразвук ги видел извитканите црева кои излегле од дупка во неговиот стомак.
Оваа жена од Бризбејн која за првпат станува мајка за првпат го видела детето кое го носи во себе, но наместо радост, почувствувала силна тага кога докторот ѝ кажал да ја прекине бременоста бидејќи во неговото искуство досега сретнал само уште три други вакви случаи.
Г-ѓа Хоџсон и нејзиниот сопруг Стивен го одбиле советот на докторот и по истражување на интернет дознале дека до 95 отсто од бебињата со вакво нарушување ја преживуваат бременоста и раѓањето. Така, бебето Теди се родило на 14 декември минатата година.
„Ми се лоши и ме обзема гнев кога ќе се навратам на тоа што ми го кажа“, вели Хоџсон. „Тој е толку весело момченце. Многу сака да прави гримаси и да комуницира со луѓето. Секогаш се насмевнува, кикоти и цика по луѓето кои дури не ги ни познава – многу е слатко.“
Мајката вели дека е глупаво да им се каже такво нешто на двајца идни родители, особено со оглед на тоа што таа не можела да најде било каква информација која би можела да го поткрепи неговиот совет. Овој вроден дефект, кој погодува едно од секои 5000 бебиња, може да предизвика застој во развојот, но ова може да се надгледува и контролира со помош на ултразвук на секои две недели. Мајката вели дека ѝ е драго што таа со сопругот побарале второ мислење. Детето се родило пред време и едно црево му било излезено од стомакот, но докторите бргу извеле интервенција и го спасиле.
Било ставено во фолија речиси две недели, со цел неговиот стомак да има време да порасне за неговите органи да можат да се вратат внатре.
„Беше речиси страшно, бидејќи тој сѐ уште беше многу малечок – беше како да држиш мала кукла“, додава мајката, додавајќи дека стапила во контакт со докторот кој ѝ дал совет да го абортира детето, но тој не се извинил, туку едноставно ѝ честитал за приновата во семејството.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!