Затвореници од затвор во Бразил чекаат ред за да шмркаат кокаин од мала маса на која има 120 лини од дрогата. Повеќе од десетмина затвореници се прикажани на видеото како земаат од дрогата, а зад нив се прави ред од затвореници, во затворскиот ходник. Група на мажи стои околу масата за да се погрижат дека некој од затворениците нема да ја наруши „гозбата“. Еден од затворениците дури и се смее додека, друг го снима со мобилен телефон.
Шокантното видео било снимено во главниот затвор во јужниот бразилски град Порто Алегре. Полицијата потврди дека ја испитува оргијата со дрога, за која се вели дека се случила за време на забава организирана од една од бандите кои го контролираат затворот.
Затворите се вратија на насловните страници во Бразил, откако деветмина затвореници беа убиени за време на немирите за Нова Година во затворот Колонија Агроиндустриал, во централната држава Гојас. По еден од најкрвавите немири минатата година, во затворот Алкакуз во североисточниот град Натал, затворениците се фалеа дека го јадат месото на своите жртви во грозоморно видео. Исто така во март 2016 година стриптизерки биле снимени како играат голи пред 200 гледачи во затвор со максимална безбедност во Ел Салвадор. За оваа „забава“ затворениците побарале од шефовите од затворот дозвола за забава со женска танцова група за да можат да прослават познат јужноамерикански верски фестивал во стил.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!