Левучарите мораат да се справуваат со низа непријатности во животот: ножиците се тешки за ракување, компјутерскиот глушец е ориентиран за десничари, раката со која пишуваат им е често извалкана, копчето со кое сликате на вашата камера е на десната страна, и не само тоа, туку и поради тоа што имаме доминантно око, како што имаме доминантна рака, самото гледање низ објективот може да претставува проблем за левучарите. Возиме од десната страна, менувачот е на десната страна, да не говориме за непријатностите во армијата – пушките се дизајнирани за деснораки луѓе, така што да репетирате ви треба дополнително движење и умешност во ракувањето итн.

Но, има и многу други посериозни потешкотии кои им го отежнуваат животот на левучарите.

Левучарите заработуваат помалку

лв01

Во труд неодамна објавен во „Журнал на економски перспективи“ левучарите заработуваат 10 до 12 отсто помалку од деснораките.

Причината за ова можеби лежи во други особини кои се поврзани со левучарството, вклучувајќи ја и поголемата присутност на емотивни проблеми кај левучарите.

Поголем ризик за психоза

лв02

И покрај тоа што левучарите сочинуваат околу 10 отсто од населението, истражувачите откриле дека психозата за 20 отсто почесто се јавува кај левучарите. Додека нарушувањата како депресијата и биполарното нарушување не се директно поврзани со левучарството, левучарите се презастапени помеѓу луѓето погодени од шизофренија.

Негативна стигма

лв03

Левучарите биле стигматизирани во многу култури во текот на историјата, и за тоа има многу показатели во повеќе јазици. На пример, во англискиот јазик „right” значи десно, но и правилно, точно; во рускиот „право“ значи десно, а сите знаеме што значи кај нас кога за некого ќе се каже дека е лев човек. Или на пример, изразот „две леви нозе/раце“ означува несмасност.

Уште повеќе попречености

лв04

Левучарството често се поврзува со повиската стапка на попречености како дислексија и синдром на дефицит на вниманието и хиперактивност. Истражувачите сметаат дека причината за ова може да има некаква врска со тоа како јазикот и знаењето се процесира во левата хемисфера на мозокот, додека моторната контрола на левата страна се контролира од десната хемисфера.

Повеќе подложни на страв и пострауматски стрес

лв05

При истражување на Британското психолошко здружение се открило дека левучарите се почесто погодени од страв, за разлика од луѓето кај кои доминантна е десната страна. Повторно, истражувачите ова го поврзуваат со начинот на кој чувствата се процесираат во различните страни на мозокот.

Присилувани да бидат деснораки

лв06

Поради разни културни и социјални притисоци, многу деца левучари се присилуваат да пишуваат и изведуваат други активности со нивната десна рака. Ова е чест случај во источно азиските земји кадешто писмените системи се засновани околу симболи осмислени да бидат пишувани од деснораки. Ова може да е една од причините за проблемите со учењето и јазикот, т.е. нормално е што процесот на учење не е успешен.

Подложни на гнев и промени на расположението

лв07

Според труд објавен во „Журналот за нервни и ментални заболувања“, левучарите се повеќе подложни на негативни чувства, имаат потешкотии при процесирање на нивните чувства и почесто се подложни на промени во расположението.

Училиштето е осмислено за деснораки

лв08

Левораките немаат проблеми само со ножиците, туку со многу други предмети во училиштата кои се дизајнирани за деснораки. Дополнителниот напор при прилагодувањето кон овие помагала може да предизвика проблеми со грбот, вратот и рамењата, а поради несекојдневната поставеност, често се обвинувани дека препишуваат.

Стандардизираните тестови се подготвени така што деснораките ученици лесно можат да ги прочитаат и пополнат, додека левораките ги покриваат прашањата со раката со која пишуваат, што може да доведе до избрзани одговори, одговори на погрешни прашања и сл.

Оружјата не се осмислени за левучари

лв09

Како што кажавме, кај поголемиот дел од оружјата, оперативните и безбендосните механизми се поставени на десната страна на оружјето, но да биде поголем проблемот, празните чаури најчесто се исфрлаат од левата страна, директно во лицето на леворакиот стрелец.

Тоа претставува сериозен проблем за левораките војници кои или мораат да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Пократок живот?

лв10

Во две статии објавени во 1989 и 1991 се тврди дека левораките живеат пократко од деснораките, но наодите брзо биле дискредитирани поради методолошки недоследности. Но и покрај тоа, делумно останало таквото верување, дополнително стигматизирајќи ги левораките.

Навистина, не е лесно да си леворак.

Сподели на Facebook
пати видено