Над 17.000 луѓе потпишаа петиција која повикува на депортација на човек одговорен за кукавички напад со еден удар. Калеб Мараку, роден во Нов Зеланд бил снимен како се смее и си прави селфи фотографии надвор од судот, откако избегна затворска казна за злобниот напад во Сурферс Парадајс. Мараку, кој се преселил во Австралија пред шест години, беше снимен на 27 ноември како брутално удира 19-годишно момче, оставајќи го во несвест на тротоарот.
Петицијата го насочува вниманието на прекршокот и бара од властите да го вратат Мараку во Нов Зеланд. „Ние заедницата сакаме да ја видиме депортацијата на Калеб Мараку, бидејќи неговите дела предизвикаа поголема штета отколку доброто во државата Квинсленд, Австралија. Тој не само што кукавички го удрил тинејџерот во неиспровоциран напад, туку исто така го игнорираше фактот дека тој веќе бил суспендиран од Сурфер Парадајс кога нападот се случил“, се вели во извештајот.
До 8 часот во понеделникот 17.510 луѓе ја потпишале петицијата, која беше објавена на Change.org пред една недела. Мараку бил казнет со 361 долари и имал обврска од 12 месеци за добро однесување и да не консумира дрога или алкохол во тој период. Доколку Мараку бил осуден на повеќе од 12 месеци, тој би се соочил со автоматска депортација.
Мараку бил предизвикан на борба од професионалниот боксер Кери Фоли. Фоли ќе му плати на Мараку 10.000 долари за борбата, а Мараку се согласил да ги даде парите на жртвата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!