Драги пријатели!

Оваа година, кон традиционалните мајски и велигденски празници се додаде уште еден, кој е од големо значење за нас. Се надеваме дека и вие ќе ни се придружите кон оваа радост.

На денешен ден пред точно 10 години, група ентузијасти и љубители на добриот хумор одлучивме да создадеме проект, со помош на кој ќе собереме на едно место сѐ што е убаво, интересно и смешно. Но не само да гo собереме, туку и да гo споделиме со нашите пријатели. Бројот на нашите пријатели секоја година се зголемува. Денес, после 10 години, со гордост можеме да кажеме дека Мотика е број 1 место за забава на интернет и секој ден по над 100.000 луѓе си ја наоѓаат својата дневна доза позитивна енергија на Мотика. Тоа е единственото вредно признание за напорната работа и времето што сме го вложиле.

Многу работи се случија во текот на овие 10 години! Да се потсетиме дека во 2006 година започнаа да се појавуваат телефони со екрани во боја, скоро никој немаше интернет дома, а гледањето видеа беше вистински луксуз. Напредокот е незапирлив. Сите овие години ние се обидовме да останеме во чекор со времето, да се промениме, да бидеме актуелни и лесни за употреба. Се разбира, во тоа време значајни промени се случија, на пример, во дизајнот: Еве како изгледавме во 2006 година:

motika1

Вреди да се напомене дека до ден денес почитуваме некои традиции, како на пример: Македонски несекојдневни ситуации, Смешни стрипчиња, Несекојдневни ситуации… итн. итн.

Со текот на годините сме добиле многу повратни информации за нашата работа. Многу позитивни, но и по некоја негативна и сите ги испочитувавме и презедовме соодветна реакција. Ние сме многу среќни и задоволни што Вие сè уште сте со нас и се надеваме дека нашето пријателство ќе трае многу долго време и заедно ќе славиме уште многу годишнини.

За неколку дена, по повод 10-годишнината ви подготвуваме големо изненадување, кое на некој начин ја заокружува нашата досегашна работа.

Ви посакуваме добро расположение и само позитивни мисли! Среќен празник!

10-god-ok

Сподели на Facebook
пати видено