Најпознатиот светски илузионист Дејвид Коперфилд дошол на турнеја во Македонија. Уште на границата цариниците го препознале и го замолиле да им направи некоја илузија. Тој им направил еден неверојатен трик со карти, цариниците биле многу задоволни и го поканиле да седне со нив на по една ракија. Една по една, се подмачкале убаво и Дејвид добил инспирација.
– Дали сакате да ви покажам една илузија? – Ги прашал цариниците.
– Покажи!
– Дали го гледате тој автомобил таму?
– Го гледаме.
– Хоп… и автомобилот исчезна.
Еден од цариниците рекол:
– А дали сакаш ти сега јас да ти покажам една илузија?
– Ајде покажи ми!
– Дали го гледаш оној камионот натоварен со бела техника?
– Да, го гледам.
Цариникот го извадил печатот од џебот, го удрил на царинската декларација и рекол:
– Хоп… тегли со кисели краставички…