Играњето фудбал веројатно е една од најплатените професии и често слушаме за огромните суми кои ги заработуваат младите играчи. Затоа и не е чудно што многумина се трудат да останат во игра колку што можат подолго, преминувајќи од клуб во клуб. Можеби си мислите дека штом еднаш ќе ги закачат копачките на клин, нивните приходи значително се намалуваат, но тоа не е случајот со една од најголемите ѕвезди на британскиот фудбал.

550975d64cfc1

Според американски Форбс, Дејвид Бекам минатата години заработил повеќе од 50 милиони фунти, со што тој е вториот пензиониран спортист со највисоки приходи (Мајкл Џордан е на прво место). Тоа е повеќе отколку што успеал да заработи кога беше на врвот на својата кариера, а тоа е така благодарение на неговите врски со брендовите како H&M, Adidas, Sky Sports, а дури успеал да лансира и свој нов бренд на виски.

„Договорите имаат значителен потенцијал благодарение на Бекамовиот сопственички влог во потфатите. Бекам останув еден од најголемите имиња во спортот, со неколку договори потпишани со неговото име, вклучувајќи четири во Кина. Бекам стана партнер со H&M за производство на облека. Потоа тоа се прошири со производство на костими за капење во 2014, а наскоро понудите ќе се прошират со нова линија на машка облека. Да се води бизнис со брендот Бекам се чини како добар бизнис за секој кој е вклучен во тоа“  – пишува Форбс.

Бекам нема добра репутација дека е нешто особено умен, но и најмалиот поглед кон неговите финансии сугерира дека е многу поумен отколку што луѓето го мислат. Успеа да се претвори себеси во еден од најголемите брендови во споредба со било кој друг фудбалер, така што не е изненадување тоа што кога го одигра својот последен натпревар со Парис Сен Жермен, донираше 170.000 фунти во добротворни цели.

Сподели на Facebook
пати видено