Тони Трапани целиот свој живот сакал да има деца, но на 81 година се помирил со тоа дека никогаш нема да ја постигне таа цел. Дознавајќи дека цело време имал син, се расплака од радост.

Кога неговата сопруга починала, тој почнал да ги расчистува нејзините работи. Во една од фиоките нашол писмо од 1959г. кое било адресирано до него. Во писмото пишувало дека имал син од мината врска. Мајката на неговиот син напишала: „Родив мало синче, веќе е на пет години. Роден е на 13. ноември 1953“. Тоа мало момче пораснало во 61-годишниот Семјуел Чајлдрес. Чајлдрес знаел дека мајка му го испратила писмото, но цело време мислел дека Трапани не сака да го запознае.

„Сега многу ми значи само да го запознам“, вели Чајлдрес. Во интервју за Фокс 17 Њуз во Мичиген, Трапани не можел да ја скрие својата среќа. Додека Чајлдрес ја опишува неговата нова врска со неговиот татко, таткото ги брише солзите.

 

 

Сподели на Facebook
пати видено