Еден дедо продавал дињи на зелено пазарче. Над дињите напишал: „1 диња – 30 денари, 3 дињи – 100 денари“.
Дошол еден маж и купил една диња за 30 денари, потоа се поврткал во пазарот, се вратил и купил уште една диња за 30 денари, а по малку време уште една за 30 денари.
Се насмеал и му рекол на дедото:
– Ееее, дедо дедо, не те бива тебе за продавач! Еве јас купив три дињи за 90 денари, а не за 100 како што си напишал.
Дедото го погледнал човекот и му рекол:
– Тоа само ти така си мислиш дека не ме бива. Знаеш ли колку ги има вакви како тебе кои за да ме зафркнат мене, наместо по една диња купуваат по три?