Оди еден дедо кај докторот и му вели:
– Докторе, помагај, бабичката не ми ја бива, има депресија, ја болат сите зглобови, не станува од кревет, нема сили да отиде ниту до тоалет…
– А имате ли редовен секс?
– А бе, докторе, каков секс, јас сум стар комунист, Тито ми умре на раце…
– Верувај ми, секс со бабата и сè ќе биде во ред!
Се вратил дедото дома, испил една ракија за храброст и… се фатил за работа…
Се буди следното утро и гледа: бабата направила кафе и појадок и пее околу шпоретот. Дедото гледа и си зборува:
– Ејјј, да го знаев ова порано… Па, јас и Тито сум можел да го спасам!