Зошто да трошите пари на подароци кога можете да ги направите сами? Особено ако се работи за подарок за посебна личност, секогаш е убаво да се искористи креативноста и умешноста за да се изработи подарок за кој сте сигурни дека саканата личност ќе го обожава. Се разбира, би можеле и да купите нешто, но значи многу повеќе кога сте одвоиле од вашето време и сте го изработиле подарокот со сопствени раце.

Така и овој човек решил на својата девојка за Божиќ да ѝ подари нешто навистина посебно. Ѝ требало нова чанта – па така решил самиот да ѝ ја направи.

Најпрвин ја потопил кожата во вода додека да омекне, а потоа ја ставил во специјален калап за соодветно да ја обликува.

cn01

Потоа изработил џебови за кредитни картички и други неопходни нешта.

cn02

Откако биле обликувани џебовите, употребил боја на водена основа за да ја обои кожата. Нанел повеќе слоеви за бојата да биде рамномерна насекаде.

cn03

За да ѝ даде луксузен изглед, во внатрешноста вшил специјална постава.

cn04

Потоа го испланирал поставувањето на ременот и токата за чантата.

cn05

Ги изработил и бојадисал ремените.

cn06

cn07

И еве го крајниот производ. Деталите и начинот на шиење прават чантата да изгледа како од отмен бутик.

cn08

Сподели на Facebook
пати видено