Финтата со овие мемории е што ќе ви го покажат капацитетот што го очекувате, но ако користите понапредно програмче за тестирање, ќе видите всушност дека кога запишувате податоци на ваква меморија, откако ќе се наполни, продолжува да полни, пребришувајќи ги старите податоци. Затоа, внимавајте што купувате и по која цена или за посигурно отидете си во наша продавница што дава гаранција за своите производи.