Една народна вели „Далеку од очите, далеку од срцето“, но во денешно време очите гледаат и на далечина, а ако имате исти интереси со партнерот, љубовта на далечина може и да се одржи. Еве еден пример на современа врска на далечина, во која дечкото Данби Шин е во Њујорк, а девојката Сеок Ли е во Сеул, со 14 часа временска разлика. Двајцата сакаат уметничка фотографија и така се роди проектот „Половина&Половина“.