Неодамнешно истражување покажало дека генетскиот профил на мајката е тој што определува колку умни ќе бидат нејзините деца, додека таткото во тој поглед воопшто не влијае. Поверојатно е жената да ја пренесе својата интелигенција на детето, бидејќи таа се пренесува преку Х хромозомите. Покрај тоа, нучниците еруваат дека генитие за напредни когнитивни функции кои се наследуваат од таткото се деактивираат автоматски. Лабораториските експериметни врз генетски модифицирани глувци откриле дека тие со повеќе гени од мајката развиле поголеми глави и мозоци, но помали тела. Оние со повеќе гени од таткото добиле помали мозоци и поголеми тела. Истражувачите ги идентификувале клетките кои содржат само гени од мајката или само гени од таткото во шест различни делови на мозокот кои контролираат различни когнитивни функции, од навиките за хранење до помнењето. Клетките со гени од таткото се собрани во деловите на лимбичкиот систем, кој влијае врз функциите како што се сексуалниот однос, храната и агресијата. Но, истражувачите не нашле клетки од таткото во мозочната кора, делот од мозокот каде што се случуваат најнапредните когнитивни функции, како што се донесувањето заклучоци, размислувањето, јазикот и планирањето.
Истражувачите од Глазгов откриле дека теориите изведени врз основа на експериментите врз глувци важат и во стварноста кога интервјуирале 12 686 личности на возраст од 14 до 22 години. И покрај тоа што предвид зеле неколку чинители, од степенот на образование на испитаниците, па сѐ до нивното потекло и општествено-економскиот статус, тимот открил дека најдобар показател за интелигенцијата на детето е коефициентот на интелигенција на неговата мајка.
Но, истражувањето утврдило и дека генетиката не е единствениот чинител кој влијае на интелигенцијата – се смета дека само 40-60 отсто од интелигенцијата се наследува, додека на останатиот дел влијае средината. Исто така, се открило и дека мајките играат исклучително значајна улога во негенетскиот дел на интелигенцијата, а некои научни трудови сугерираат дека степенот на поврзаност меѓу мајката и детето силно влијае врз умствениот развој и интелигенцијата на детето.
Истражувачи од Вашингтонскиот универзитет откриле дека стабилната емотивна врска меѓу мајката и детето е клучна за развојот на некои делови на мозокот. По анализирањето на начинот на кој група мајки се однесувале кон своите деца во текот седум години, истражувачите откриле дека децата коишто мајките ги поддржувале на емотивен план и на кои интелектуалните потреби им се исполнети имаат просечно 10 отсто поголем хипокампус од децата чиишто мајки биле емотивно далечни. Хипокампусот се поврзува со помнењето, учењето и реагирањето на стрес.
Се смета дека силната врска меѓу мајката и детето дава чувство на сигурност кое им овозможува да го истражуваат светот и самодоверба самите да ги решаваат проблемите. Покрај тоа, преданите и внимателни мајки почесто на своите деца им помагаат да ги решаваат проблемите, на тој начин помагајќи им да го остварат својот полн потенцијал. Се разбира, улогата на таткото во развојот на интелигенцијата на детето не е за занемарување бидејќи цел низ чинители – како што се интуицијата и емоциите – кои децата можат да ги наследат од својот татко, исто така влијаат на развојот на интелигенцијата.