Кога сите би биле малку повеќе љубезни светот би бил многу подобро место за живеење. Иако не секогаш оваа оптимистична мисла се реализира неодамнешниот триумф на едно момче на Флорида помага да се докаже дека сепак има добри луѓе во светот.
Во основното училиште на 4-то одделенецот се славел „Денот на боите на колеџот“ каде што учениците го претставуваат својот омилен колеџ со тоа што носат соодветна опрема или бои на универзитетот. Млладиот ученик сакал да ја покаже својата поддршка за Универзитетот во Тенеси, но немал средства за да го направи тоа.
Така тој облекол обична портокалова маичка која ја означува бојата на Универзитетот и закачил рачно нацртано универзитетско лого на неа. Екстатичен за оваа генијална идеја, младото момче се упатило на училиште. Неговата наставничка вели дека тој бил многу возбуден.
„Минатата недела, моето основно училиште учествуваше на денот на боите на колеџ. Кога им кажав на моите ученици за овој ден пред една недела, ова одредено дете дојде кај мене и ми рече дека сака да носи маица од Универзитетот во Тенеси, но тој нема таква. Разговаравме дека тој може да носи портокалова маица за да го покаже својот дух. Тој секој ден до самиот настан ми велеше дека има портокалова маица која што ќе ја носи.“, овјаснува наставничката Лаура Шнајдер.
Но, неговата возбуда кратко траела, ученикот се вратил во училницата расплакан откако група на девојчиња го задевала поради рачно напишаниот натпис. Бидејќи наставничката знае колку можат да бидат сурови понекогаш децата, решила да се обрати на социјалните мрежи и да побара доколку некој може да му подари дрес на младиот креативец.
Објавата станала толку популарна што и администрацијата од Универзитетот Тенеси дознала за момчето. Тие дошле во училиштето и му подариле цела кутија полна со дресови, маици, дуксери и разни реквизити од Универзитетот Тенеси.
А за да остават уште поголем впечаток од Универзитето направиле официјална верзија на маичката која ја креирало момчето. Сите пари од продажбата на овие маици ќе оди во организација која се занимава со спречување на насилството во училиштата.