Жената од Нов Зеланд, којашто ги наполни насловните со тоа што успеала да ослабне деведесет килограми за помалку од една година – и потоа ги замолча сите кои ја нарекоа лажливка со тоа што објави свои фотографии со вишокот кожа кој ѝ останал – најпосле ја покажа својата нова фигура по деветчасовната операција за отстранување на вишокот кожа.
Дваесет и четиригодишната Симон Андерсон Пречерер од Оукленд, Нов Зеланд, од 168 килограми ослабела на 83 килограми за само единаесет месеци, но на интернет била нападната од непознати луѓе кои ја обвинувале дека излажала за нејзината трансформација. Откако им докажала дека грешат така што објавила фотографии од нејзиниот вишок кожа, Симон најпосле успеала да го отстрани истиот со помошта на хирург од САД.
Стилистката потоа се појавила на новото шоу на Тајра Бенкс ФАБлајф, за да го покаже своето ново тело, само шест дена после операцијата, откривајќи и на бившата топ манекенка дека иако се чувствува „малку кревко“, е воодушевена од своето ново тело.
„Се чувствувам малку кревко, но ни најмалку не чувствувам болка“, ѝ раскажува таа на Тајра, којашто признава дека е зашеметена од тоа што ја гледа Симон во движење само шест дена после процедурата.
„Ме оперираше фантастичен хирург“, вели Симон.
Симон се прославила на интернет откако изгубила половина од својата телесна тежина и го документирала своето напредување на интернет.
„Ако ставам мои фотографии на интернет, знаев дека потоа нема враќање назад“, објаснува таа на ФАБлајф. „Знаев дека ако излезам во јавноста со мојот потфат и ги објавам своите димензии во фотографија на која буквално сум полугола, да ме види целиот свет, после тоа веќе нема враќање назад.“
Стилистката исто така споделила за големиот притисок што го чувствувала, со оглед на тоа дека работи во индустријата за убавина, секогаш да изгледа совршено и да се прилагодува на општествените гледишта за тоа што е идеален изглед.
„Дефинитивно чувствував притисок, гледате убавина 24/7 и ги гледате овие прекрасни, тенки како стап модели, па така тоа е нешто што постојано ви се врти во умот“, објасни таа.
Симон истакнува дека не сакала само да изгледа подобро – туку и да се чувствува подобро. И малите задачи кои инаку би биле лесни, како на пример исфрлањето ѓубре, за неа станале тешки поради вишокот тежина, па така таа се посветила на својата цел да стане поздрава – и го постигнала тоа.
За неколку месеци инспирирав илјадници други девојки и момчиња ширум светот да го почнат своето патешествие со ослободувањето од вишокот килограми, и кога стигнав до целта која си ја зацртав, фотографијата стана вирална.“
Но, повратните реакции не биле сите позитивни. Некои луѓе почнале да тврдат дека немало шанси толку да ослабне бидејќи изгледала какко воопшто да нема вишок кожа, и покрај фактот што нејзиниот вишок кожа всушност бил скриен на фотографиите кои ги објавила.
„Тоа не беше нешто од што се срамев или такво нешто.“ додава таа за Дејли Мејл. „Но кога вежбав, морав да ја затегнам кожата под спортската облека за да го прицврстам сето тоа да не ми скока наоколу. Слоевите кожа се триеја едни од други и тоа предизвикуваше поткожно крварење, добивав инфекции на папокот, сето тоа беше многу неудобно.“
Но, хејтерите биле злобни: „Неверојатно е до каде одеа – тоа не би му го напишала и на мојот најголем непријател. Тоа дефинитивно беше насилство. Работев многу напорно за ова и не можете да ми го одземете тоа.“
Така таа решила да му го покаже својот вишок кожа на светот. Штом стигнала до посакуваната тежина, д-р Ремус Рапта, доктор од Аризона, понудил да ја изведе операцијата за отстранување на вишокот кожа.
Никаква диета или вежбање нема да ја отстрани таа кожа“, изјавил д-р Рапта пред да почне со процедурата. Минатата недела Симон одлетала до клиниката и се подложила на хируршката интервенција која траела девет часа. Ѝ била изведена абдоминопласија, отстранување на вишокот кожа од стомакот и грбот, поткренување на градите и зголемување.
Симон била возбудена од можноста никогаш повеќе да не мора да ја пика нејзината лабава кожа во нејзините панталони, велејќи им на луѓето дека по операцијата очекува да има поголема самодоверба.
И иако после операцијата чувствувала голема болка и се чувствувала „многу мизерно“, Симон била многу задоволна од резултатите: „Моето тело е толку неверојатно, не би можела да бидам посреќна. Не можам да дочекам да дојде летото…Дотогаш целосно ќе закрепнам и дефинитивно ќе бидам во бикини.“