Ако ви треба малку мотивација, ниедна животна приказна не е поинспиративна од таа на Дашрат Манџи, земјоделец без земја од Индија. Човекот влезе во историјата откако поминал две децении за да ископа цела една планина со помош на најосновни алати, за да пробие пат за својата заедница, кога владата одбила да се погрижи за тоа.

Пред педесет и три години, тој се нафатил да ископа патека од 1 километар низ карпести ридишта, сосема сам, со цел да им го олесни пристапот на своите соселани до училиштата, пазарите и соседните села. „Овој рид ни создаваше мака и тага со векови. Луѓето многу пати побараа до владата да направи пат каков што треба низ ридот, но никој не ни обрнуваше внимание. Па така решив сето тоа да го сторам јас самиот“, раскажал Манџи за индискиот весник Техелка во 2007 година, пред набргу да му подлегне на ракот од кој боледувал. Само со помош на копач, чекан и лопата, овој легендарен човек тоа што порано било тесна патека го претворил во пат долг достапен за возење со велосипед и моторцикл.

planinec2

Ридот ги држел селата во изолација, присилувајќи ги луѓето да се искачуваат по опасниот терен со часови само за да стигнат до најблискиот град со пазар. Децата морале да пешачат осум километри за да стигнат на училиште, но благодарение на патот кој Дашрат го направил со сопствените раце, таа далечина била скратена на три километри, и луѓето од шеесет околни села денес го користат секој ден.

Но, што е тоа што му дало сила на еден, единствен човек да постигне толку монументална цел? „Мојата сопруга, Фагуми Деви, сериозно се повреди додека го минуваше ридот за да ми донесе вода; Тогаш работев на еден посед преку ридиштата.Решив да ископам пристоен пат низ ридот“, раскажува земјоделецот. За жал, неговата сопруга не дочекала да го види плодот на неговиот труд, бидејќи набргу по несреќата се разболела и починала, бидејќи не можеле на време да ја однесат во болница.Трагичната загуба направила овој амбициозен маж посилно да се сосредоточи на задачата која си ја поставил пред себе, и неговите соселани се присетуваат како го гледале како „копа по цел ден и цела ноќ низ планината како да е опседнат.“ Но, со текот на годините, неговата мотицација се променила. „Мојата љубов кон мојата сопруга беше првичната искра која ја разгори желбата да издлабам пат. Но тоа што ме одржуваше сиве овие години да работам без никаков страв и грижа беше желбата еден ден да ги видам илјадниците селани како го поминуваат ридот со леснотија кога и да посакаат.“

planinec1

Иако би очекувале во таква благородна мисија, кога се работи за доброто на целата заедница, секој да скокне на помош сепак тоа не се случило во случајот на Дашрат Манџи. Отпрвин луѓето го исмевале и го нарекувале лудак затоа што се нафатил на таква херкуловска задача, но како што минувало времето и решителниот селанец продолжувал да го дели проблематичниот рид на полоина, најпосле некои се решиле да му помогнат. „Иако на почетокот повеќето селани ме исмеваа, сосема малкумина од нив сепак ми понудија поддршка, давајќи ми храна и помагајќи ми да купам алат“, се присетува тој. Сега сите луѓе од областа Гаја имаат голема благодарност за „планинскиот човек“ кој сам, со сопствените раце им ги олеснил животите на сите нив.

planinec3

planinec4

planinec5

planinec6

Сподели на Facebook
пати видено