26-годишниот Дамир Золота од Сараево спаѓа во само 0,001 отсто од луѓето на земјината топка со вродена особина за „читање“ на другите личности. Тоа, заедно со дипломата по психологија на Американскиот колеџ во Виена, му овозможило да се најде во тимот на славниот Пол Екман, светски признат експерт за проучување на чувствата и мислите.

Золота денес работи во неговиот виенски оддел како психолошки профилер, стручњак за читање микроекспресии на лицето и говорот на телото, нешто како човечка верзија на детектор на лаги. Откако професионално се обучил под менторство на Екман, тој е во состојба за само три до пет секудни да прочита било кого, а за нешто повеќе време со голема веројатност да установи дали некој ја говори вистината или лаже.

pr

„Лицето се приспособува на нашите особини, нашиот карактер и темперамент. Кога некоја личност ќе доживее некоја емоција, таа ја чувствува трајно до крајот на животот, а на лицето му останува траг. За три до пет секунди ние го скенирамо животот, дали човекот има вишок или пак недостаток на чувства. За да се открие лага би ни требало нешто повеќе време, бидејќи кај секоја личност мораме да ја установиме неговата почетна вредност, а потоа да ги следиме реакциите кои отстапуваат од таа почетна вредност – вели Золота.

Психопатите и терористите имаат уникатно лице. Секој психопат носи агонија во себе, проследена со една повисока веѓа и едното око му е позатворено. Ако е присутна една од тие работи, значи ако е само окото или само веѓата, тоа е личност која има психопатски особини, но не значи нужно и дека е психопат. Тоа може да е изразена склоност кон контрола, доминација, дека е доста загрозена личност која не го сака друштвото. Таквиот човек има агонија во себе која се развива кон омраза, агрезивност, па дури и кон нагон за самоубиство.

Од друга страна, терористот не искажува емоции, тие се без нив, живеат во увереност, веруваат дека тоа што го прават е исправно. Имаат изразена општествена изолираност, едноставно не им одговораат другите личности, сосредоточени се самите на себе“, додава младиот сараевец.

Неговото најново истражување и следствениот заклучок дека во Босна и Херцеговина секоја трета личност има некои психопатски особини силно одекнале во текот на последните изминати седмици.

Знакови на потсвеста

„Постојат отприлика 50 карактеристики значајни за психопатите. Некој може да има една или пет, но психопати се само тие кои ги имаат сите овие карактеристики. Претежно тоа се оцртува преку изразена потреба за контрола, доминација, манипулација, меѓутоа, ако покажуваат чувствителност и емотивност, никако не можеме да кажеме дека станува збор за психопати. Психопатите не се емотивни личности, бидејќи не распознаваат чувства, тие се личности во агонија.

Повеќето луѓе од БиХ имаат синдром на пострауматско стресно нарушување, но не сакаат да го признаат тоа и поради тоа општеството ни се наоѓа во многу лоша положба. Луѓето не сакаат да се лечат, не сакаат да разговараат и да одат на советување, бидејќи мислат дека тоа им е непотребно, а тоа и тоа како им е потребно“, предупредува Золота.

Тој и неговите колеги ги профилираат личностите преку фотографија, раскажување на минати настани и проучување на сегашнте и претходните реакции. Во време кога светот се соочува со опасност од тероризмот, од нив помош бараат безбедносни служби од целиот свет, аеродроми и бројни други клиенти од Европа и светот.

Сподели на Facebook
пати видено