Бесмртноста е поим кој непрестано го интригира човештвото. Иако многу футуристи предвидуваат дека луѓето во иднината ќе ја најдат тајната на бесмртноста, со неа ќе дојдат и нови проблеми и недоумици.

Во потрагата по бесмртноста, на луѓето несомнено можат да им помогнат постоечки живи суштества кои се веќе бесмртни. Во прашање се животни кои скоро никогаш не умираат од старост, туку од надворешни причини како што се грабливците, повредите и слично. Секако, научниците сѐ уште не ги усогласиле мислењата околу дефиницијата на бесмртноста, но повеќето од нив веќе се согласуваат дека некои суштества се „биолошки бесмртни“. Ќе наброиме некои од нив.

1. Тариградите или водените мечки

bs01

Тариградите се мали суштества, во просек долги околу 1.7 милиметри, кои живеат во вода. Се одликуваат со голема отпорност на екстремни услови на кои ниту еден друг организам не би можел да опстане. Тие можат да преживеат на температура којашто се двиши од апсолутна нула до преку точката на вриење. Исто така можат да преживеат и радијација и ниво на зрачење сто пати поголемо од тоа кое го убива човекот. Без храна би можеле да преживеат и до десет години. За овие суштества е карактеристично тоа што кога ќе се случат неповолни надворешни услови, тие влегуваат во состојба на хибернација (анабиоза) кога метаболизмот престанува да им работи. Докажано е дека во таква состојба тие можат да живеат и до 120 години, иако некои научници сметаат дека тој број е уште поголем.

2. Слатководна хидра

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

Слатководната хидра е едноставно водно животно од родот на жаркарите т.е. копривкарите. Долга е до неколку сантиметри. На научниците им е интересна поради својата способност за регенерација и фактот дека не старее. Тие и не умираат од старост, туку од ниските зимски температури. Бесмртноста на овие суштества за прв пат е спомната во 1998 година во научни трудови, но дури од неодамна по пат на научни експерименти се потврди дека клетките на хидрата имаат способност за бесконечна регенерација. Научниците сега се обидуваат да го одгатнат и подобро да го разберат тој процес на бесконечно обновување на клетките.

3. Бесмртна медуза

bs03

Посебниот вид на медуза со латинскиот назив „Turritopsis nutricula“ се нарекува уште и бесмртна медуза. Ова суштество е единственото живо битие кое, откако ќе достигне сексуална зрелост, повторно се враќа во сексуална незрелост (облик на полип). Со други зборови, тие кога ќе остареат, наместо да умрат, се подмладуваат и сѐ почнуваат од почеток. Теоретски овој процес може да се повтори бесконечно многу пати и затоа оваа медуза се нарекува бесмртна. Таа е предмет на интересирање на научниците од ширум светот.

4. Јастог

 

bs04

За јастозите е карактеристично со годините да се зголеми нивната плодност и стануваат сѐ повеќе погодни за размножување, благодарение на ензикот кој го поправа нивниот генетски код. Стручњаците коишто ги проучуваат јастозите сметаат дека тие можат да живеат вечно, и дека умираат само од повреди, болести и предатори.

5. Трепчести црви

bs05

Трепчестите црви се суштества кои главно живеат во морињата и во помал дел во слатките води. Достигнуваат големина од неколку милиметри до неколку десетини сантиметри. Посебни се по тоа што голем дел од нивните клетки претставуваат матични клетки. С тоа, кога организмот ќе се исече на неколку делови, секој од тие делови ќе се развие во нова идентична единка по неколку недели. Научниците докажале дека многу мал дел од единката (1/297) може да се развие во нов организам.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено