Тензиите пораснаа откако претседателот на САД, Доналд Трамп лансираше воздушен напад врз воздухопловна база во Сирија под команда на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Овој настан предизвика поделба помеѓу државите во светот, од која што многу стравуваат дека ќе доведе до нова светска војна. На сликата со црвено се обележани државите кои се против режимот на Асад, со сино се обележани оние кои го поддржуваат а сивата боја ги претставува приврзаниците на ИСИС.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го пофали подвигот на САД, кој што следеше како одговор на скорешниот хемиски напад врз бутовничкиот град во Сирија на 4ти Април. Исто така Британија и Австралија се на страната на САД. Додека пак како што е и очекувано Русија и Сирија го опишаа како “знак за агресија”. Италија исто така е на страната на САД изјавувајќи дека “Ги разбираат причините за нивниот напад.”
Велика Британија, Израел, Канада, Франција, Германија и Турција, зборуваа со осуда за сирискиот претседател Башар ал-Асад, по нападите. Во меѓувреме, Русија остро го критикуваше САД, преку претставник во ОН го обвинија претседателот Трамп за “кршење на меѓународното право”, поради тоа што отворил оган на воздухопловна во близина на Хомс.
Владимир Путин е убеден дека овој потег ќе ги наруши односите меѓу САД и Русија. Земјите како Русија, Либан, Иран, Ирак, Алжир, Венецуела, ги става во конфликтен однос со останатите земји кои се против режимот на Асад. Според Франција и Германија Асад самиот е виновен за нападот од САД.
Сите светски лидери како што се германската канцеларка Ангела Меркел, турскиот претседател Ердоган, австралискиот премиер Малком Турнбул, претседателот на Франција Франсоа Оланд и многу други застанаа на страната на САД. Тие ја оправдуваат одлуката на Трамп, затоа што сметаат дека употребата на хемиското оружје е најгрозоморниот терористички чин, кој не треба да се дозволи.
Виктор Озенов на чело на одборот за безбедност на Русија тврди дека овој напад “Може да ги поткопа напорите во борбата против тероризмот во Сирија.”
Американската војска упати 59 проектили кон воздухопловната база, контролирана од Асад, како одговор на хемискиот напад во Сирија во кој загинаа 86 луѓе. На која страна би застанале вие ?