Научниците предупредуваат дека вселенскиот отпад има потенцијал да предизвика вооружен конфликт. Вселенскиот отпад веќе и така претставува голема опасност за сателитите и вселенските летала, но руските научници сега објавија нов извештај во кој тврдат дека тој има потенцијал да предизвика војна. Главниот проблем, сметаат тие, се состои во тоа што не постои начин да се каже дали оштетениот сателит бил погоден од некаков остаток или намерно бил саботиран од друга земја.
Дури и најмалите парчиња отпад, дури и предметите со пречник од само неколку милиметри, можат да предизвикаат непоправлива штета на сателитот бидејќи патуваат со брзина до 28.000 километри на час.
„Сопственикот на оштетениот или уништениот сателит тешко ќе може да ја определи вистинската причина за несреќата“, смета астрофизичарот Виталиј Адушкин, кој заклучува дека таков настан би можел да „испровоцира полтички, па дури и вооружен судир помеѓу народите кои ја освојуваат вселената.“
Пример за таква потенцијална опасност се случи во 2013 година, кога руски сателит беше оштетен од вселенски отпад создаден од Кина, која пред пет години собори еден од сопствените временски сателити. Меѓународната станица исто така е често приморана да избегнува вселенски остатоци. Во извештајот се заклучува дека освен ако не се преземе нешто за да се намали количеството на отпад во орбитата, тогаш би се зголемила веројатноста за судири, како и за последователните политички конфликти.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.