Свиркачот на НСА, Едвард Сноуден, тврди дека владите можат да воспостават контрола над сечиј смартфон. За време на своето интервју во документарната серија Панорама на ВВС, поранешниот вработен во ЦИА опишал на кој начин владите во целиот свет ја имаат способноста да ја превземат контролата врз било чиј мобилен телефон, со ништо друго освен со испраќање на специјално составена текстуална порака.
Алатките потребни за ова, коишто Сноуден ги нарекува „Штрумфов комплет“, на властите им овозможува да ги хакираат микрофонот, камерата и други уреди за да надгледуваат што прави сопственикот на телефонот. Покрај тоа, постои функција којашто го прикрива фактот дека телефонот се прислушува што значи дека повеќето луѓе коишто се прислушуваат ни најмалку не се свесни за упадот и тоа на никој начин не можат да го спречат.
„На пример, ако го однесете телефонот на сервис бидејќи сте забележале нешто невообичаено или сте се посомневале дека нешто не е во ред со него, за било кој техничар би било многу тешко да открие што не е во ред со него“, тврди Сноуден.
Компјутерскиот експерт и активист за правото на приватност, кој е познат по тоа што во 2013 година обзнани доверливи документи на американската агенција за безбедност НСА и порано оваа година тврдеше слични работи, изјавувајќи дека не носи смартфон поради шпионскиот софтвер инсталиран во оперативниот систем.
Дали навистина постојат такви механизми во овие уреди останува предмет на дебата.