„Гига-фабриката“ Тесла во вредност од пет милијарди долари во областа Стори во Невада нема да биде само голема, туку ќе биде најголемата во светот. Барем така се раскажува откако Дин Хејмур, пратеник на Стори Каунти објави дека производителот на електрични автомобили и батерии откупил илјадници хектари, што било само за почеток, потоа додавајќи во два наврати 486 хектари и 142 хектари, со што компанијата откупила двојно поголемо земјиште од првично планираното.

gigafactory650

Ова и не е некое големо изненадување, ако се имаат предвид големите и амбициозни планови на Тесла, за коишто ќе им биде потребно навистина голем простор.

„Со планираната стапка на производство од 500.000 автомобили годишно во втората половина на оваа декада, само на компанијата Тесла ќе ѝ биде потребно целото денешно производство на литиум-јонски батерии“, велат од компанијата. „Теслината Гигафабрика се појави како неопходност и ќе обезбеди доволно батерии за планираните електрични автомобили.“

Фабриката, која ќе се напојува со обновлива енергија, цели кон годишно производство на батерии со капацитет од 35 гигават-часови. Изградбата на Гигафабриката е во полн ек. Првата фаза од изградбата на капацитетите кои се простираат на површина од 27.432 метри квадратни е речиси завршена и наскоро сѐ ќе биде подготвено за поставување на производствената опрема. Погледнете ја огромната површина врз која се простира фабриката во следното видео:

Главниот извршен директор на Тесла не ја крие намерата на компанијата да ја револуционеризира енергетската мрежа. „Нашата цел е во основа да го промениме начинот на кој светот ја користи енергијата“, вели Маск. „Зборуваме за теравати тука. Целта е целосно да се трансформира енергетската инфраструктура на светот“. Ова значи дека можеби се наѕира крајот на потребата од фосилни горива?!

Сподели на Facebook
пати видено