Откритието на џиновски подводни кратери на дното на Баренцовото Море би можело да понуди рационално објаснување за исчезнувањето на бродови во Бермудскиот триаголник. Научниците откриле кратери со широчина до 800 метри и длабочина од 46 метри, за кои се верува дека се создадени од натрупувањето на метан на брегот на Норвешка, која е богата со природен гас. Метанот кој протекол од наоѓалиштата со природен гас отишол под површината и создал шуплини коишто експлодирале, велат научниците.
„Мноштвото џиновски кратери коишто постојат на морското дно во областа на централно-западното Барренцово Море…и веројатно предизвикуваат огромни експлозии на гас“, велат истражувачите од Арктичкиот универзитет во Норвешка. Експлозиите на метан би можеле да претставуваат ризик за пловилата кои пловат во Баренцовото Море, велат научниците.
Ова би можело да биде објаснување за исчезнувањето на бродовите и авионите во контроверзната област наречена Бермудски Триаголник, сметаат тие. Областа се протега од Бермудските прекуморски територии во северниот Атлантски Океан, преку брегот на Флорида до Порторико. Рускиот научник Игор Јелцов, заменик директор на институтот Трофимук, минатата година изјави:
„Постои претпоставка дека Бермудскиот триаголник е последица на реакции на гасни хидрати. Тие започнуваат активно да се распаѓаат при што метанскиот лед се претвора во гас. Ова се случува како лавина, како нуклеарна реакција, што произведува огромни количества гас. Како последица на ова, океанот се загрева и бродовите потонуваат во водите измешани со гас во огромна пропорција.“
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.