Пронаоѓач и неговиот бизнис партнер тврдат дека Ејпл ја украл нивната идеја за сервис за споделување на музика и видео. Скот Сандер и Артур Хер, основачи на СајтСаунд Технологии се фатени во битка на Давид и Голијат уште од 2003 година кога беше лансирана услугата Ајтјунс. Лансирањето на сервисот вреден милијарди долари се случило десет години откако Хер добил одобрение за патент за електронска продажба на дигитални аудио и видео записи во 1993 година. Сандер во подолга статија за Медиум, тврди дека од Ејпл им ја украле идејата откако ја предложиле на компанијата во доцните 1990-ти.

ap01

И покрај обидите да ја дадат гигантската компанија на суд, Сандер вели дека тој и Хер биле оставени без речиси ништо, а Ејпл заработил милијарди од нивната идеја. Сѐ започнало во средината на 1980-тите кога бизнис партнерот на Сандер и пронаоѓач Артур Хер замислил иднина во која клиентите би можеле да симнат филм без да мораат да го напуштат својот дом, или да имаат пристап до цел музички каталог.

ap02

И покрај незаинтересираноста од страна на музичката и филмската индустрија, тие ја туркале идејата напред и во 1995 СајтСаунд била првата компанија која почнала да продава музика преку интернет.

ap03

Четири години подоцна, фирмата го направила првото продавање на симнување филм преку интернет – добитникот на Оскар „Пи“ на режисерот Дарен Аронофски, а во 2001 беа првата компанија која продаде филм преку рачен уред. Но, претприемачите никогаш не биле наградени за нивната пионерска, визионерска технологија.

ap04

Наместо тоа, Сандер тврди дека биле ограбени од големите играчи во индустријата; Напстер, Бертелсман и се разбира, Ејпл. СајтСаунд ги победил Напстер и Берелсман на суд, но сѐ уште се борат со Ејпл.

Сподели на Facebook
пати видено