Група научници развиваат специјален софтвер кој може да пресмета колку години ѝ преостануваат на дадена личност. Новиот четиригодишен проект кој се спроведува во Универзитетот на Источна Англија стреми кон тоа да се определи животниот век со помош на голема база на медицински податоци. Истражувањето е финансирано од индустријата за осигурување која посакува да се овозможи пресметувањето на времето на смрт со употребување на примерок на ДНК.

sm

„Луѓето низ целиот свет сега живеат подолго“, вели проф. Елена Кулинскаја. „Ние сакаме да развиеме софтвер кој ќе ги анализира податоците од медицинската историја и ќе ја пресмета должината на нивниот животен век. Сакаме да ги идентификуваме и определиме клучните чинители кои влијаат врз смртната стапка, како изборот на стил на живот, медицинската состојба и медицинските интервенции.“

Но, иако ова изгледа впечатливо од технолошка гледна точка, дали некој навистина би сакал да дознае кога ќе умре?

„За да можете да планирате за вашето пензионирање и да дознаете колку можете да трошите, добро би било да имате некаква претстава за тоа колку ви преостанува да живеете“, вели проф. Кулинскаја. „Исто така, ова е важно и за општите лекари за можат да одлучат дали и кога да препишат определени лекарства, или како да ги советуваат своите пациенти.“

Секако, во догледна иднина ќе биде невозможно точно да се определи времето на смрт на луѓето, само ќе може да се направи некаква просечна пресметка врз основа на околностите во кои живеете. Исто така, за повеќето луѓе ова е последното нешто кое би сакале да го дознаат.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено