Од Самсунг неодамна доставија патент за нов дизајн кој има втор екран на задниот дел од нивните уреди. Технолошкиот гигант од Јужна Кореја беше првиот што започна да произведува телефони со заоблен екран.

Компанијата, исто така, поднесе патент во 2017 година за екрани кои ќе можат да се виткаат. Сега, Самсунг сака да ги направи своите паметни телефони двострани, додавајќи втор екран на задниот дел на уредот.

Во дизајнот кој првично беше поднесен за патент во Светската организација за интелектуална сопственост во април 2017 година, Samsung претстави три потенцијални модели на паметни телефони, вклучувајќи и еден кој има екран и на задната страна. Другите две дизајни имаат екран кој е заоблен само на дното на екранот и екран кој е заоблен сè до десната страна на телефонот. За сите три дизајни, сензорите работат за да идентификуваат како корисникот го држи паметниот телефон. Во случајот на двојниот екран, телефонот ќе знае во кој екран гледа корисникот.

Додатниот екран, наводно ќе биде од корист за корисниците. Најголемата е дека луѓето нема да мораат да го превртуваат телефонот за да примат повик или пак да напишат порака. Известувањата би можеле брзо да се гледаат со користење на овој алтернативен екран.

Сепак, Samsung не е првиот или единствениот производител на паметни телефони што се сетил да направи телефон со екран од двете страни. Во 2015 година се појави проект за паметен телефон со двоен екран наречен Сиам 7x. Потоа, две години подоцна, кинескиот производител на паметни телефони Meizu објави телефон со дополнителен, помал екран од задната страна, речиси сличен на оној во патентот на Samsung.

Сподели на Facebook
пати видено