Често се случува да се препознаете сретнувајќи некој непознат и да помислите дека е некој друг. Исто така, и помеѓу славните личности има луѓе коишто многу си личат, каков што е случајот со Новак Ѓоковиќ, или со актерот Вил Ферел и Чед Смит, тапанарот на Ред Хот Чили Пеперс. Но, дали секој на планетава си има свој двојник? Има сосема пристојна шанса за тоа, бидејќи всушност има ограничен број на гени коишто влијаат врз карактеристиките на лицето.
„Има ограничен генетски диверзитет на располагање“, вели Мајкл Шин, асистент професор по невробиологија и однесување на универзитетот Корнел, кој редовно ги проучува варијациите во изгледот и генетиката во животински видови како осите и глувците. „Ако повеќе пати измешате еден шпил карти, може да се случи двапати да добиете исти карти.“
Сепак, тој „шпил карти“ е доста обемен, забележува Шин. Научниците во моментот немаат претстава колку гени играат улога во обликувањето на човечкото лице или во определувањето на растојанието помеѓу очите.
„Постои голем број на гени коишто придонесуваат во нешта како структурата на лицето и се разбира, бојата на косата, очите и бојата на кожата, коишто се високо променливи“, вели д-р Артур Боде, професор по молекуларна и човечка генетика на колеџот по медицина „Бејлор“ во Хјустон.
Изгледа дека еволуцијата претпочитала голем степен на препознатливост помеѓу човечките лица. Шин и негов колега минатата година во журналот „Nature Communications“ известиле дека човечките лица се разликуваат помеѓу себе во поглед на димензиите доста повеќе отколку на пример, рацете во нивната широчина и должина. Уште повеќе, научниците откриле дека со човечкиот изглед се поврзани повеќе гени во споредба со други области на човечката анатомија.
„Човечките лица се многу повеќе разновидни отколку што би очекувале со оглед на тоа колку се разновидни другите делови на телото“, вели Шин.
Можна причина за шареноликоста на изгледите е тоа што луѓето, како и другите социјални животни, имаат полза од можноста поединците да се разликуваат помеѓу себе. На тој начин тие коишто се однесуваат како добротвори можат лесно да се разликуваат од тие кои се однесуваат како идиоти и соодветно да се однесувате како нив. „Едноставно се грижите за тоа кој е кој.“
Членовите на семејството, се разбира, во просек си личат повеќе помеѓу себе отколку другите несродствени поединци, што јасно покажува дека човечките лица се наследуваат. Точно затоа идентичните близнаци – коишто се развиваат од иста оплодена јајце клетка и според тоа ги делат истите гени – често пати воопшто не се разликуваат.
Поради тоа, логично е да се помисли дека туѓинците коишто си личат едн на друг – како Ферел и Смит – имаат поголеми шанси да се роднински поврзани (но не го знаат тоа), отколку луѓето коишто воопшто не си личат, вели Боде.
Исто така, луѓето во рамките на иста етничка група имаат поголем број заеднички гени отколку со тие надвор од групата, што е причината зошто, на пример, азијците имаат темна коса и кафеава боја на кожата, а скандинавците вообичаено имаат руса коса и светла кожа.
„Тешко дека ќе најдете Азиец и Европеец кои изгледаат речиси исто“, вели Боде. „Двајца луѓе од исто потекло всушност имаат значително заедничко генетско наследство, кога ќе тргнете наназад.“
Иако „народноста“ е сложен концепт кој вклучува елементи коишто немаат никаква врска со генетиката, како што се културата и јазикот, пошироките етнички групи или „расите“ – уште еден сложен термин – се смета за групи на луѓе коишто помеѓу себе се генетички поврзани, и според тоа логично е во рамките на нив да има поголеми шанси за појава на двојници.
Најголемите етнички групи се кинеската (околу 1.3 милијарди луѓе) и Индустанците (околу 1.2 милијарди луѓе). Луѓето коишто припаѓаат на овие етнички групи имаат поголеми шанси да се сретнат со својот идентичен двојник.
Како и да е, делењето гени и географски простори, па според тоа и ист изглед, се намалува како фактор со оглед на современата глобална емиграција. Поединците чиишто етнички групи со години биле изолирани сега се мешаат едни со други.
„Луѓето порано не се движеле толку многу“, вели Боде. „Денес луѓето се парат со луѓе од друг континент.“
Со текот на времето, изолацијата од другите човечки населенија, покрај изложеноста на специфични околини – студот на северот и жегата на Екваторот, довеле до појавата на генетски мутации и издвојување на етничките карактеристики. Имајте предвид дека пред милиони години, сите луѓе биле Африканци.
Сега, со мешањето на населенијата, шансите за луѓето да си личат помеѓу себе се зголемуваат уште повеќе.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.