Вилата на Ала Вагнер се наоѓа во подножјето на канадските карпести планини во Миларвил, Алберта. Минатата година куќата била дадена на продажба, но агентот за недвижности не успеал да ја продаде.
За жал Ала се разболела пред 6 месеци и сега може да се движи само на првиот кат од вилата која има 5 бањи и сака нејзиниот дом да добие достоен сопственик. Затоа таа смислила едноставна „игра“.
Таа направила Фејсбук страна „Write A Letter Win A House“ (Напиши писмо освој куќа), каде што стои дека секој кој сака да ја добие куќата ќе треба да напише писмо од 350 зборови, зошто треба да ја добие вилата. Почетниот влог за да се биде дел од натпреварот е 25 долари.
Сепак мудрата жена изјавила дека ќе го прогласи победникот само кога ќе го достигне посакуваниот износ од почетните влогови. Вилата е на само еден час од националниот парк Банф кој е рај за скијачите во зима и идеално место за релаксирање во лето со неговите прекрасни езера.
Вилата е дизајнирана во нео-герогски стил и има панорама од планините на запад. Куќата има винарска визба и музички салон. Ала и група на судии ќе одлучат кој ја заслужува куќата и заедно ќе ги изберат финалистите од кои потоа ќе биде изберен победник. Натпреварот се очекува да трае во наредните 3 месеци, а можно е и да биде продолжен на 6 месеци.