Уште еден загрижувачки знак за сѐ позатегнатите односи меѓу Русија и САД. Американското разузнавање тврди дека Путин започнал со изградба на нови подземни бункери кои можат да издржат нуклеарен напад. САД и Русија работат заедно за нуклеарно разоружување уште од крајот на Студената војна, но новите вести за осовременување на нуклеарниот арсенал и одбранбените капацитети посочуваат дека двете супер сили можеби се подготвуваат за конфликт.

n01

„Русија се подготвува за голема војна за која тие претпоставуваат дека ќе прерасне во нуклеарна, при што тие би го лансирале првиот удар“, вели Марк Шнајдер, бивш гласноговорник за нуклеарната полтитика на Пентагон. „Ние не сме сериозни во подготовките за голема војна, а не пак за нуклеарна војна.“

n02

Неколку детали за новите противатомски бункери се веќе објавени од страна на Русите, но руските медиуми велат дека тие се градат во Москва како дел од новата национална стратегија за безбедност. Русија има изградено слични капацитети во Москва и на Урал во текот на Студената војна. Според известувањата, новите објекти ја чинат Русија милијарди долари.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено