Во новата шокантна кампања мали девојчиња со маски на лицето распакуваат секс играчки и даваат невини детски предлози за тоа за што би можеле да се користат. Оваа кампања е со цел да се подигне свеста кај луѓето за присилна проституција, кај малолетничките. Видеото е осмислено веднаш по тажното и шокантно видео на мало девојче кое го нудат за сексуални услуги.
Малите девојчиња даваат предлози за што би можеле да се користат секс играчките. Предлозите вклучуваат:„Како магично стапче“, „тепалка за муви“, „фигаро“, „делфин“, „ласо за фаќање на крави“, „за чешлање на косата“, „сукало“. Сето ова е придружено со порака дека „Невината имагинација на овие деца е сурова реалност за милиони други“.
Видеото е објавено од интернационалната организацијата „Ослободи девојче“, која што се залага за ослободување на малолетничките од канџите на детската проституција.
„Во светот има над 2 милиони сексуално експлоатирани деца, од кои 1,2 милиони се наоѓаат во Индија. Овие девојчиња се приморани да имаат секс со ворасни мажи и по неколку пати на ден. Ние сакаме ова да престане и да побараме од сите земји да ги здружат силите и да преземат нешто. Заедно можеме да ги ослободиме овие девојчиња од ужасните услови во кои што се наоѓаат и да им овозможиме посветла иднина,“ вели Евелин Холскен, директорка на организацијата „Ослободи девојче.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!