Дали сте трагачи по возбуди? Додадете ја оваа планинарска патека на вашата листа на претсмртни желби. Страв од височина? Чекајте дури да ја прочитате оваа статија до крај. Смртоносната патека за која станува збор се извишува до 2150 метри надморска височина по планината Хуа Шан, една од петте највисоки планини во Кина и традиционално место за поклонение на кинеските цареви. Патеката била пробиена пред илјадници години и поголемиот дел од неа е достапен и денес за луѓето коишто не се плашат од смртта, иако сѐ уште претставува напорно вертикално искачување кое трае 12-18 часа. Најстрашниот дел од неа е кога треба да поминете преку штици прицврстени за самата карпа.
Планината Хуа се наоѓа помеѓу реката Веи и Жолта река, на источниот крај на планината Чин, во јужниот дел од провинцијата Шаанкси. Таа е дел од планините Чин, кои не само што ја делат провинцијата Шаанкси на северна и јужна, туку и цела Кина.
Планината Хуашан се смета за една од најсветите со повеќе таоистички храмови во нејзиното подножје кои биле често одредиште за поклонение на древните владетели. Многу од овие храмови се сѐ уште зачувани и посетувани од страна на туристи, поклоници и монаси.