Научниците можеби не се грижат многу за клетвите, но кога истражувате рушевини на град во прашума, чиишто жители избегале од него бидејќи „боговите го проколнале со тешки болести“, потребно е малку да се замислите и да внимавате. Токму тоа го открила група истражувачи и археолози кога навлегле длабоко во прашумите на Хондурас и Никарагва во потрага по прочуениот „Изгубен град на богот – мајмун“. Луѓето од експедицијата се бореле со змии отровнице и буквално морале да ползат по густата шума за да го најдат градот – но џунглата сепак се смеела последна, бидејќи морале да се борат и со болест опасна по животот.

bm01

Приказната започнува некаде во 16-тиот век, кога жителите на градот, кој исто така е познат и по името „Белиог град“, избегале од родните огништа, верувајќи дека градот е проколнат. Но, реалната приказна е дека тие страдале од инвазијата на европските доселеници, кои со нив го донеле ужасите на заразните болести и ропството.

bm02

Стотици години истражувачите се надевале дека пак ќе ги откријат рушевините на поранешната метропола и богатствата кои нејзините граѓани ги оставиле зад себе кога избегале од градот. Но, ова место во длабочините на прашумата Москитија, која се протега на границата помеѓу Хондурас и Никарагва, ги поразувало и најхрабрите срца, останувајќи едно од последните места на Земјата кое останало научно неистражено. Барем досега.

bm03 bm04

Посателот Даглас Престон и истражувачот Стив Елкинс, финансиски потпомогнати од снимателот на документарни филмови Бил Бененсон, употребиле врвна технологија за да го лоцираат мистериозниот град. Тие употребиле опрема за ласерско скенирање вградена во стар авион Цесна Скајмастер, за да ги скенираат стотиците километри на џунглата за само неколку дена, мапирајќи го тлото на прашумата преку густите крошни на дрвјата. Потоа тие информации биле упторебени да се создадат 3D компјутерски мдели кои би можеле да ги насочат бестрашните херои кон нивната цел, и точно тоа се случило кога скеновите откриле правоаголни структури со совршени прави агли.

„Знаев дека најдовме град, древен град“, раскажува Елкинс, кој се обидел да го најде и порано, во 1994 година. „Тоа го знаев, но што точно има таму, тоа остануваше да утврдат археолозите.“

bm05

За да откријат што точно има таму, сепак тие морале да се симнат од своите авиони и да се упатат пеш кон локалитетот, подвиг за кој им биле потребни цели три години планирање. Не само што морале да се справуваат со тешкиот терен, туку и со бројните повреди и дивите животни, па дури морале да се справуваат и со змии отровници. На крајот тимот успеал да го најде градот, но растителниот свет таму бил толку густ, што не можеле да ги видат ниту основите на огромната пирамида која некогаш стоела таму, гордо исправена. Дури следното утро сфаиле дека пристигнале во изгубениот град.

bm09

„Некој кажа – еј чекајте, овде има некои чудни камења“, се присеува Елкинс. „Сите се вративме и видовме глава на јагуар, извајана во камен.“ Наодот бил толку возбдлив, то самиот претседател на Хондурас посакал да го земе првиот артефакт на локалитетот, предизвикувајќи негодувања кај некои луѓе кои велат дека областа е света и дека требала да остане недопрена. И можеби биле во право.

bm07

Бидејќи веднаш штом тимот излегол од прашумата, сфатиле дека со себе понеле и нешто друго, лајшманиоза, страшен паразит кој го пренесуваат песочните мушички кој предизвикува вистински хаос во човечкото тело.

„Паразитот мигрира кон мукозните мембрани на устата и носот и практично ги јаде“, објаснува Престон. „Ти отпаѓа носот, ти отпаѓаат устите, на крајот целото лице ти се претвора во една огромна отворена рана.“

bm08

Елкинс и Бененгсон успеале да ја избегнат инфекцијата, но околу половина од тимот ја немале таа среќа и морале да минат низ мачен третман. Меѓу страничните ефекти кои се јавуваат како последица на лекарствата кои мора да се применат спаѓаат повраќање, грчеви и невролошки последици. И заканата од оваа зараза, како и другите опасности кои демнат во прашумата, ќе бидат сосема доволни да ги одвратат од намислата пак да се вратат таму.

„Едноставно е премногу опасно“, вели Престон. „Премногу е опасно дури и само да се обидете да влезете и излезете оттаму.“ Се чини дека богот-мајмун уште долго ќе ги крие своите тајни од остатокот на светот.

bm10 bm11 bm12

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено