Толку голем дел од морските длабочини не се истражени што воопшто не е чудно да се најде некое суштество кое никогаш порано не било видено, што ќе нѐ изненади и запрепасти. За време на океанските истражувања на американската агенција НОАА во Порториканската бразда, океанска бразда која се наоѓа меѓу Карипското Море и Атлантскиот Океан, била снимена риба која живее во длабоките води и која – чекори по морското дно! Рибата Сhaunax pictus е вид на рибите „морски ѓаволи“, која ги употребува своите видоизменети перки да „оди“ по морското дно.
Оваа риба живее на длабочина од 200-980 метри и е документирана во Атлантикот, како иво Средоземното Море. Се храни исклучитело со ракчиња.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.